What am I doing

May 6, 2008

7те навики на високо ефективните Linux корисници

Filed under: GNU/Linux, Компјутери, Лекции — white_eagle @ 6:06 pm
Tags: ,

Ова не е мое дело, ова  е само превод на Македонски од одличниот пост на Rami Taibah напишан на оваа страна.

Како најпрво, префрлувањето на Linux оперативниот систем отпрво изгледаше обесхрабрувачко. Но, сепак што повеќе години поминуваа/т Linux заедницата продолжува се повеќе и повеќе да ја дава поддршката за префрлување на Linux оперативниот систем со давање на поддршка во вид на упатства, подесувања, поддршка преку IRC, форуми, e-mailoви каде што заедницата ќе ве пречека со раширени раце.

Поради тоа, сега се составени ( не од мене ) 7 навики што треба секој понапреден ( а и можеби и “обичен“) корисник треба да ги примени во неговиот живот:

  • Никогаш не се логирајте користејќи го графичкиот интерфејс на ‘root’ корисникот

Ако воопшто постоеше едно нешто што треба да се избегнува, тоа е ова. Поголемиот дел од нас доаѓаат од Windows околината, па оттаму “знаеме“ дека што поголема сила – тоа подобро, па си се логираме со администраторска привилегии. Епа баш ова е причината поради која Windows е со толку големи пропусти, половина од светот работи со тие ‘root’ привилегии.

Со огромната моќ што доаѓа со секој ‘root’ акаунт доаѓа и огромна одговорност и треба да се биде свесен за последиците што може да му бидат нанесени на твојот систем од СЕ што се прави со администраторски привилегии, а и дури тогаш може да настат големи грешки.

Значи, што се опасностите од логирање како ‘root’:

  1. Замислете си дека сте на трапез без заштитна мрежа под вас. Замислете си што би се случило ако згрешите во некој чекор.
  2. Го ставате вашиот систем во голем ризик да биде пуштен малвер. Секоја програма пуштена под ‘root’ привилегии ќе и бидат автоматски дадени такви привилегии.
  3. Ако има некоја системска дупка за која што сеуште нема излезено ‘patch’, готови сте!
  4. Треба да ви постане навика, немојте да пуштате програми во root мод, освен ако не е потполно неопходно.

Генерално зборувано, наместо да се логирате од графичкиот интерфејс на root-от, користете “sudo” или “su”, и убијте ја сесијата на терминалот кога сте завршени, а доколку не сакате/знаете да ја користите командната линија/терминалот, тогаш користете ги “gksu” (доколку сте gnome корисник) или “kdesu” (доколку сте kde корисник). На пример за да го отворите nautilus (фајл менаџерот на gnome) во root мод, тогаш притиснете alt-f2 и пишете gksu nautilus и потоа внесете ја вашата лозинка. Затворете ја програмата штом ќе завршите.

  • Правилно именувајте ги вашите фајлови

Во Linux околина може да ги именувате вашите фајлови како сакате, освен: 1) со косата црта “/” 2) Null карактер но има некои нешта кои што треба да ги избегнувате за да избегните некои идни компликации:

  1. Користете ги само алфанумеричките карактери, цртички, точки и долни црти
  2. Избегнувајте користење на специјални карактери како долар знакови, загради и знаци за процент. Овие знаци имаат посебно значење за “школката“ на Linuxот и може да направат конфликти
  3. Избегнувајте користење на празни места во фајловите, заменувајте ги со долни црти и цртички, поради тоа што ракувањето со ваквите фајлови во терминалот е малку чудно (иако ова не мора да биде потполно точно затоа што командата може да се заврши со “bash” комплетиција).
  • Ставете ја вашата /home директорија во посебна партиција

Доколку ја ставите вашата home папка во посебна партиција му давате флексибилност на системот да вршите реинсталација или инсталација на друга дистрибуција лесно и едноставно. Само ставете ја вашата /home папка на посебна партиција и играјте си/менувајте ги подесувањата со Вашиот “/” . Сега можете да ги испробувате дистрибуциите на GNU/Linux без да направите штета или да ги изгубите фајловите во вашиот /home фолдер. Инструкции.

  • Добро менаџирање при пад на системот

Самиот Linux систем е многу постабилен од другите платформи, но никој не рече дека нема да дојдете до ситуација кога вашиот систем ќе се замрзне без некоја посебна причина. И пред да посегнете по Ctrl-Alt-Del, рестарт дугмето, или штекерот, треба да знаете како прописно да го менаџирате системот при замрзнување. Ако еден чекор не работи, тогаш преминете на другиот (а последниот сигурно ќе работи)…

  1. Во вашиот таскбар имајте го ‘force quit’ аплетот, ако некоја програма почнува да се однесува чудно, само кликнете на аплетот и на насловната лента на програмата и “убијте“ ја.
  2. Ако ова не работи, пуштете терминал, пишете “ps -A“ и забележете го PID-от на апликацијата и убијте ја. “kill PID”
  3. Користете ја “killall” командата во терминал. На пр. “killall firefox-bin”
  4. Aко целиот GUI е замрзнат и неможете да приклучите терминал, тогаш притиснете Ctrl-Alt-F1, и ова ќе ве однесе до друг терминал, и виртуелно нова сесија. Од овде натаму користете ги чекорите 2. и 3.
  5. Ако тоа не работи, можеби ќе сакате да го рестартирате GUIто на системот. Сепак, внимавајте, ова ќе ги убие и сите преостанати апликации во позадината и може да имате изгубено незачувани промени.
  6. Притиснете CTRL-ALT-F1 и потоа CTRL-ALT-DEL. Ова нема инстантно да го рестартира системот, само ќе направи стандардно рестартирање. (Претпоставувајќи дека сакате да рестартирате и CTRL-ALT-F1 работи.)
  7. Сеуште не се откажувајте и не посегајте по “ресет“ дугмето. Обидете се да пораснете “слабо слонче“. :D
  • Играјте на полето

Или секогаш обидувајте се да пронајдете нешто ново, да испробате нешто поново. Односно, во овој случај тоа ќе значи: зошто не се обидете на научите некоја нова дистрибуција. Учењето нови работи секако ќе ви помогне да добиете добар напредок во разбирањето на целата поента на GNU/Linux и Софтверот со Отворен Код (или “open source” код). Само, пред да продолжите запазете на овие работи:

  1. Земете ја во предвид моќта на виртуелизацијата! Инсталирајте VMWare (proprietary) или VirtualBox (open source). Користете ги нив за да ги испробате дистрибуциите.
  2. Алтернативно, ако немате многу рам или не сте фан на виртуелизацијата, може да си направите посебна партиција за тестирање на  одделните дистрибуции. Партиција за која “ич не ви е гајле“.
  3. Во најдобар случај, ќе имате 2 компјутери, еден главен и еден тестерски. Растурајте на тестерскиот
  • Негувајте ја вашата CLI адопција

Едноставно кажано, обидете се да ја користите командната линија што почесто и почесто. На интернет наоѓајте упатства и трикови за да ја подобрите работата на вашиот систем. Сепак, на крајот на краиштата, се што треба да направите кај тие упатства е да ги копирате и да ги пренесете во вашиот терминал. Потоа, обидете се да ги научите барем поедноставните команди кои што многу ќе ви годат во понатамошното користење на оперативниот систем. Секоја команда е кратенка за нешто, вие очекувате вашето куче да разбере “Џони, оди фати ја топката“ , па зошто да не се обидете да вашиот компјутер ја разбере командата “sudo mv /file1 /file2″.

  • Секогаш бидете подготвени да ја ослободите моќта внатре

Некогаш, можеби ќе треба да користите друг компјутер или компјутер на некој другар, кој што има некој здробен оперативен систем инсталирано :D , и поради нешто не ве остава да ја сработите вашата работа. Поради тоа, носете си го вашиот Linux со вас цело време, дали да е на USB стапче или ‘live CD’ или дури ‘live CD бизнис карта‘ ! Има добри дистрибуции надвор, само чекаат да ги откриеш: Knoppix, DSL или Puppy Linux. Одете на pendrivelinux.com за повеќе инструкции како да инсталирате вакви дистрибуции на USB “стапче“.

1 Comment »

  1. како и да е, постот е ЗАКОН.

    Comment by alifaan — May 7, 2008 @ 12:52 pm | Reply


RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Leave a comment

Blog at WordPress.com.