Ова не е мое дело, ова е само превод на Македонски од одличниот пост на Rami Taibah напишан на оваа страна.
Како најпрво, префрлувањето на Linux оперативниот систем отпрво изгледаше обесхрабрувачко. Но, сепак што повеќе години поминуваа/т Linux заедницата продолжува се повеќе и повеќе да ја дава поддршката за префрлување на Linux оперативниот систем со давање на поддршка во вид на упатства, подесувања, поддршка преку IRC, форуми, e-mailoви каде што заедницата ќе ве пречека со раширени раце.
Поради тоа, сега се составени ( не од мене ) 7 навики што треба секој понапреден ( а и можеби и “обичен“) корисник треба да ги примени во неговиот живот:
- Никогаш не се логирајте користејќи го графичкиот интерфејс на ‘root’ корисникот
Ако воопшто постоеше едно нешто што треба да се избегнува, тоа е ова. Поголемиот дел од нас доаѓаат од Windows околината, па оттаму “знаеме“ дека што поголема сила – тоа подобро, па си се логираме со администраторска привилегии. Епа баш ова е причината поради која Windows е со толку големи пропусти, половина од светот работи со тие ‘root’ привилегии.
Со огромната моќ што доаѓа со секој ‘root’ акаунт доаѓа и огромна одговорност и треба да се биде свесен за последиците што може да му бидат нанесени на твојот систем од СЕ што се прави со администраторски привилегии, а и дури тогаш може да настат големи грешки.
Значи, што се опасностите од логирање како ‘root’:
- Замислете си дека сте на трапез без заштитна мрежа под вас. Замислете си што би се случило ако згрешите во некој чекор.
- Го ставате вашиот систем во голем ризик да биде пуштен малвер. Секоја програма пуштена под ‘root’ привилегии ќе и бидат автоматски дадени такви привилегии.
- Ако има некоја системска дупка за која што сеуште нема излезено ‘patch’, готови сте!
- Треба да ви постане навика, немојте да пуштате програми во root мод, освен ако не е потполно неопходно.
Генерално зборувано, наместо да се логирате од графичкиот интерфејс на root-от, користете “sudo” или “su”, и убијте ја сесијата на терминалот кога сте завршени, а доколку не сакате/знаете да ја користите командната линија/терминалот, тогаш користете ги “gksu” (доколку сте gnome корисник) или “kdesu” (доколку сте kde корисник). На пример за да го отворите nautilus (фајл менаџерот на gnome) во root мод, тогаш притиснете alt-f2 и пишете gksu nautilus и потоа внесете ја вашата лозинка. Затворете ја програмата штом ќе завршите. (more…)